Челзи се искачи на клупскиот фудбалски трон на Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера, на стадионот Драгао во Порто, се одигра финалето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челзи.

Од самиот почеток на финалето гледавме еден интересен дуел со по некоја шанса и на двете страни. Вернер ја имаше најдобрата, но од непосредна близина ја промаши топката. Само неколку минути подоцна имаше и еден слаб шут.

Тоа беа и најдобрите шанси на натпреварот се до финишот од првото полувреме кога во 42 минута Маунт го пронајде Хаверц. Германецот излезе еден на еден со Едерсон го помина и топката ја смести во празната мрежа. Со предност од 0:1 Челзи замина на полувреме.

Во вториот дел гледавме една помирна игра, Сити беше тимот кој го имаше поголемиот посед, меѓутоа посериозните шанси изостануваа. Изгледаше како Челзи да има се под контрола и не му дава на Сити да создав 100% шанси.

Како што одминуваше времето Челзи изгледаше се посигурно, а фудбалерите на Сити како да губеа идеја, па Тухел и Челзи застнаа на тронот на Европа.