Разговараат две јаки жени за сексот во бракот, па едната ја прашува другата: Знае ли мажот ти кога доживуваш оргазам? Ма не, нема шанси…не сака да му се јавувам кога е на работа.
Разговараат две јаки жени за сексот во бракот, па едната ја прашува другата: Знае ли мажот ти кога доживуваш оргазам? Ма не, нема шанси…не сака да му се јавувам кога е на работа.
Влегува некоја ептен пребирлива девојка во бутик за разновидна женска облека и почнува да пробува. Пробува така, се заборава буквално, и после едно добри два часа дремење пред огледалото, ѝ вели на продавачката која веќе пука од нервоза: Мислам дека се одлучив. Ќе ја земам оваа шапка. Колку ви должам? Ништо не должите…ваша е шапката, со неа дојдовте во бутиков.
Обама и Путин имаат средба на мостот за пешаци на Нијагарините водопади, за да не ги прислушуваат. Решаваат да ја тестираат лојалноста на своите телохранители. Обама му вели на својот телохранител да скокне од мостот за пешаци. Телохранител одговара: – Не можам г-дине претседател, имам семејство! Путин му вели на својот телохранител Сергеј, а овој скока без да се мисли. …
Жената готви ручек во кујната, си доаѓа мажот и пак му мириса на пинџур. Го вика синот и му вели: Сине, оди кажи и на мајка ти дека Храна и вино прирачникот има 250 страни, а не секој ден пинџур да готви и да јадеме само тоа. Оди синот, па се враќа и му вели на таткото: И кажав тате, …
Оди баба со велосипед во продавница, и пред да влезе го потпира точакот на ѕид. Но, само што тргнува, точакот се лизга и паѓа на земја. Сето тоа го гледа продавачот од продавницата, па вели: Бабо, точакот ти се онесвести. Бабата: Внучко, и ти ќе се онесвестиш да си ми половина час меѓу нозе.
Си прават муабет две другарки: Маче, стварно не те разбирам…навистина не знам што сакаш и бараш од дечковците за да си најдеш некој траен. Зошто ма? Како ма зошто?! Да се фатат сите твои бивши на оро, тие последните нема да можат да ја чујат музиката.
Си оди Трпана дома од лекарски преглед и му вели на Трпе: Мажу, лекарот ми рече дека редовниот секс е најдобар лек против стрес. Што ќе кажеш ти на тоа? Оди, Трпано, барај второ мислење, од друг лекар.
25-годишно момче ја води својата свршеница кај родителите, за да се запознаат. Мамо, тато, ова е мојата свршеница. Таа има 50 години и има 5 деца… Молам!? Нејзиниот поранешен маж, наркоман, го продал нивниот стан и сега тие нема каде да живеат… Молам!!? Таа исто така е на хероин и има СИДА… Молам!!?? Се вика Жаклина… Комплетен шок. Хахаха! Само …
Во стан ѕвони водоводџија, му отвара Трпе. – Добар ден, сте имале проблем со водоводот? – Не бе, исправен е. – Нели е ова станот на Цветко? – Не јас сум Трпе, Цветко се исели пред два месеци. – Де бе што му е на овој народ! Прво вика мајстор, а после се сели.
Ѕвони снаата кај свекрвата и ја прашува: Како сте, што правите? Добри еве, дома со свекор ти. Да те прашам, кога ќе се посере детето, кој треба да го преслече – мајката, таткото или некој друг? Исклучиво само мајката! Е па, тогаш ајде помини до кај нас, син ти се направи камен пијан и се посра, некој треба да го …
Тренинг за совршени нозе и задник Убаво затегнати и оформени нозе се сон на …