Home Спорт Блескав почеток на Италијанците на Европското првенство – Италија:Турција 3 – 0

Блескав почеток на Италијанците на Европското првенство – Италија:Турција 3 – 0

Италија на фантастичен начин го отвори Европското првенство, декласирајќи ја селекцијата на Турција.

Во првото полувреме Италија создаваше прилики, но голови не видовме и на пауза се замина со 0:0. До предност Италијанците стигнаа со автоголот на дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал.

Од тој момент Турција мораше да се отвори и Италија имаше повеќе простор, па се редеа шанси пред голот на Турција. Дека Италија ќе стигне до победа стана јасно кога погоди Имобиле за 0:2. Конечните 0:3 ги постави Лоренцо Инсиње.

Ова секако е одличен старт за Италија, која ќе потсетиме на Европското првенство влезе со серија од 27 натпревари без пораз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…