Home Актуелно Грција „со плачење“ кај Чеферин

Грција „со плачење“ кај Чеферин

Вчера официјално стартуваше Европското првенство на кое за првпат ќе игра Македонија, а пред почетокот на првиот натпревар кој го играа Турција и Италија стигна жалба од Грција за нашите дресови, поточно за aмблемот.

Според информациите на грчките медиуми грчкиот министер за спорт Лефетерис Авгенакис испратил писмо со жалба до претседателот на УЕФА Александар Чеферин за логото кое ќе го користи Македонија во првиот настап на еден голем турнир.

Грците сметаат дека не смееме да кроистиме ФФМ, туку СМ (Северна Македонија) или РСМ (Република Северна Македонија).

Во писмото исто така се бара да се испитало името Фудбалска Федерација на Македонија, тие тврдат дека сето ова е спротивно од содржината на преспанскиот договор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…