Висината не им менува во љубовта

Кога имала само 10 години манекенката Елисане Силва авеќе била натпросечно висока за својата возраст со висина од 175 сантиметри. И нејзиното растење не запрело тука, туку таа продолжила да расте, па сега 26-годишната Елисане е висока повеќе од два метра, пишува Метро.

Нејзината висина нема никаква врска со генетиката бидејќи нејзината мајка Ана Марија Рамос е висока 162 сантиметри, а нејзиниот татко Луис 170 сантиметри. Тие подоцна откриле дека нејзиниот раст е предизвикан од бениген тумор на хипофизата, што предизвика прекумерно производство на хормон за раст и гигантизам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elisane silva (@elisane_oficial)

„Дури и како десетгодишно дете, забележав дека нешто не е во ред, бидејќи бев единствената во моето семејство и класа што имав неверојатни 175 сантиметри. Тоа беше шок за целото наше семејство, бидејќи јас бев највисокиот член на таква млада возраст “, изјави Елисане за Метро.

Откако една бразилска телевизија ја слушнала нејзината приказна, понудиле да ги покријат сите медицински трошоци за да изврши неколку рутински тестови и да се открие зошто Елисане е толку висока.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elisane silva (@elisane_oficial)

Пред десет години се сретнала со Франсиналдо, а тој ја запроси во 2011 година, и се венчаа во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elisane silva (@elisane_oficial)

„Во моментот кога го сретнав, веднаш ја почувствував врската, не ја ни забележав неговата висина. Франсиналдо е висок само 165 сантиметри, скоро е 40 сантиметри понизок од мене, но не ми е гајле. Иако беше љубопитен мојата висина, тој не даде лоши коментари или да го осуди мојот изглед “, вели манекенката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elisane silva (@elisane_oficial)

Разликата во висината, вели таа, не им претставува проблем. Имаат и тригодишен син Ангел, кој сега е висок 94 сантиметри.

„Иако порано добивавме коментари од луѓето на улица кога одевме заедно, јас веќе не сум во центарот на вниманието, сега го имаме нашиот прекрасен син. Анџело е веќе 93 сантиметри висок на тригодишна возраст, но не верувам дека ќе порасне исто како мене затоа што мислам дека мојата состојба не е наследна. Мислам дека ќе порасне до просечна висина”, рече таа.