Има коефициент на интелигенција 136, ама повеќе е по парите и бизнисот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њујоршката манекенка Кендис Клос може да се пофали со висок коефициент на интелигенција и голема популарност на страницата OnlyFans.

Кендис, која е членка на Менса од нејзината седумнаесетта година, има IQ 136 и вели дека мажите се плашат од нејзината интелигенција.

„Не им го кажувам тоа на луѓето. Некои блиски луѓе го знаат тоа, но мислам дека тоа не го менува нивното мислење за мене. Мислам дека мажите се дефинитивно изненадени кога ќе дознаат. Некои сметаат дека тоа е секси, додека други го сметаат тоа застрашувачки поради некоја причина “, рече Кендис за Мирор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candice Kloss (@candicekloss)

На училиште, вели таа, секогаш се истакнувала во предметите што ги мразеле нејзините врсници, како што се математика и хемија. Таа вели дека Периодниот систем на елементи го научила од забава како осумгодишно дете.

На 17 години отишла на Универзитетот во Масачусетс да студира психологија. Го напуштила колеџот затоа што сакала да биде агент за недвижнини.

„Моите родители беа загрижени кога го напуштив колеџот. Тие подоцна видоа дека сум среќна и дека имам чувство за бизнис”, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candice Kloss (@candicekloss)

После тоа, сакала да се врати на колеџ, но сепак, по наговор на еден пријател, отворила профил на OnlyFans и ја напуштила идејата за училиштето.

„Потенцијалниот приход што можев да го остварам од OnlyFans беше многу поголем од мојата почетна плата со диплома“, рече Кендис.

Таа открива дека заработува околу 21.000 долари месечно само од претплатата на OnlyFans, но тврди дека нејзината манекенска работа им дава на луѓето погрешен впечаток за неа.