Андрес Тегнел, епидемиологот кој го смисли шведскиот модел против коронавирусот: „Смешно е што се затвораат граници“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Епидемијата на коронавирусот дефинитивно го принуди светот на целосно привремено (или ќе видиме дали ќе биде привремено) преосмислување и преконструирање на функционирањето на општеството во глобални рамки.

И додека ширум Европа се воведоа строги мерки против ширење на коронавирусот во февруари и март, Шведска се истакнуваше од првиот ден.

Шведска не воведе карантин или строги мерки на социјална оддалеченост. Наместо тоа, се потпира на довербата во своите граѓани – на постарите лица им се советува да не излегуваат надвор и да избегнуваат контакт со други луѓе, додека на другите им се препорачува да работат од дома, редовно да ги мијат рацете и да избегнуваат непотребно патување. Границите и училиштата останаа отворени, како и многу бизниси, ресторани и кафулиња.

Овој пристап доби многу критики. Меѓу критичарите минатата недела се најдоа 22 научници кои во весникот ,,Дагенс Нихтер’ објавија дека шведските здравствени власти потфрлиле и ги повикале политичарите веднаш да преземат построги мерки. Тие предупредија на големиот број смртни случаи во старечките домови.

Човекот кој стои зад шведскиот модел е Андерс Тегнел, епидемиолог во шведската агенција за јавно здравје. Тој објасни за списанието „Nature“ зошто го одбрал овој пристап.

„Мислам дека има доволно публицитет за тоа колку е уникатен нашиот пристап. Исто како и во другите земји, нашата цел е да ја израмниме кривата и да го забавиме ширењето на вирусот колку што е можно, во спротивно ќе се закани на нашиот здравствен систем и на целото наше општество.

Ова не е болест што може да се запре или искорени, барем додека не се произведе вакцина. Треба да најдеме долгорочни решенија кои ќе ги одржуваат стапките на инфекција на прифатливо ниво. Она што секоја држава се обидува да го направи е да ги користи мерките и традициите за да ги спроведе. И затоа решивме работите да ги правиме малку поинаку.

Законите за инфективни болести во Шведска главно се засноваат на доброволни мерки – тоа е индивидуална одговорност. Јасно се наведува дека граѓанинот има одговорност да не ја шири болеста. Ова е јадрото од каде што започнавме, затоа што според сегашниот закон, нема многу правна можност да ги затвориме градовите во Шведска. Карантинот може да се воведе за поединци или мали простори, како што е училиште или хотел. Но, правно не можеме да ставиме во карнатин географска област“, објаснува Тегнел.

„Тешко е да се зборува за научните основи на стратегијата со овие видови на болести, затоа што не знаеме многу за Ковид-19 и учиме од ден во ден. Според мое мислење, затворањето на границите и градовите, ниту едно од овие методи нема историска научна основа за да утврдиме дали има каква било анализа за ефектите од овие мерки пред да бидат воведени, а ние не откривме скоро ништо.

Затворањето на границите, според мене, е смешно, затоа што КОВИД-19 сега постои во секоја европска земја. Повеќе сме загрижени за неговото ширење во Шведска.

Како општество, постојано сме потсетувани дека луѓето користат мерки, а ние ги менуваме од ден на ден во области каде што гледаме дека треба да се променат. Не треба да затвориме сè целосно, бидејќи тоа би било контрапродуктивно “, заклучува тој.

„Околу 15 лица од агенцијата се состануваат секое утро и ги ажурираат одлуките и препораките според собраните и анализираните информации. Разговараме со регионалните власти двапати неделно.

Нашиот најголем проблем во моментов се нашите пензионерски домови, каде што бележиме зголемена појава на коронавирус. Ова е причината зошто смртноста е поголема во Шведска во однос на соседите. Истрагата е во тек затоа што треба да разбереме кои препораки не беа следени и зошто “, објаснува тој.

“Агенцијата за јавно здравје објави детално моделирање од регион до регион и донесе многу помалку песимистички заклучоци од другите истражувачи во врска со хоспитализациите и смртните случаи на илјада заразени. Има зголемување, но ситуацијата не е трауматична. Секако дека одиме во епидемиска фаза каде што ќе да се забележат многу повеќе случаи во следните неколку недели – со повеќе луѓе на интензивна нега – но ова е исто како и во која било друга земја. Ниту една земја во Европа не успеа значително да го намали ширењето на вирусот.

Што се однесува до училиштата, убеден сум дека тие ќе останат отворени на национално ниво. Ние сме во епидемија и според мене науката покажува дека затворањето на училиштата во оваа фаза нема никаква смисла. Требаше да ги затворите училиштата прилично рано на почетокот на епидемијата за да има влијание. Во Стокхолм, од каде што се повеќето заразени, сега сме близу до врвот на кривата, така што затворањето на училиштата е беспредметно во оваа фаза “, опишува Тегнел.

„Многу е тешко да се утврди; премногу е рано. Секоја земја мора да го достигне имунитетот на стадо (кога голем дел од населението е имуно на инфекцијата) на еден или друг начин, и ќе стигнеме до тоа на поинаков начин.

Досега, на глобално ниво се пријавени многу малку случаи на повторена инфекција. Не знаеме колку долго ќе трае имунитетот на стадото, но дефинитивно има имунолошкиот одговор “, вели шведскиот епидемиолог.

Ги потценивме проблемите во старечките домови и како тие ќе бидат имплементирани. Требаше да ги контролираме потемелно “, вели тој.

“Да! Знаеме дека КОВИД-19 е исклучително опасен за многу стари лица, што секако е лошо. Но, гледајќи ги пандемиите, има многу полоши сценарија од ова. Поголемиот дел од проблемите што ги имаме во моментов не се резултат на заболувања, туку заради мерките кои што во некои средини не се применуваат правилно. Смртта на старите лица е проблем со кој се бориме со децении. “ , заклучува епидемиологот во интервјуто за стручното списание Nature.