Home Спорт Дали Реал Мадрид ќе му организира проштален меч на Федерер против Надал кој ќе се игра на Бернабеу?

Дали Реал Мадрид ќе му организира проштален меч на Федерер против Надал кој ќе се игра на Бернабеу?

Роџер Федерер најави крај на неговата натпреварувачка тениска кариера по Лејвер Купот, меѓутоа тој би можел да одигра уште еден меч, и тоа против најголемиот ривал Рафаел Надал.

„ЕСПН“ објави дека реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ би можел да биде домаќин на епска битка меѓу двајцата тенисери.

Имено, Реал Мадрид сака да организира тениски спектакл на нивниот стадион, кој ќе биде проштален меч на Федерер, а ќе игра против Рафа Надал.

Големите ривали би настапиле пред публика од 80.000 гледачи, а засега не е познат датумот, но мечот сигурно ќе приреди историски спектакл.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…