Home Спорт Меси со емотивна порака до Агуеро: Многу боли да видам дека запираш со фудбалот

Меси со емотивна порака до Агуеро: Многу боли да видам дека запираш со фудбалот

Најголемата аргентинска и светска фудбалска ѕвезда, Лионел Меси испрати емотивна порака до својот сонародник Кун Агуеро, кој денес официјално соопшти дека става крај на кариерата.

На Агуеро неодамна му беа дијагностицирани срцеви проблеми, па поради тоа мораше да стави крај на професионалната кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

„Речиси ја поминав целата моја кариера заедно со Кун во репрезентацијата на Аргентина. Имавме многу убави моменти, сите тие не натераа да се обединиме повеќе и повеќе и заеднички да се дружиме. И ќе продолжиме да живееме заедно и надвор од теренот. Ја освоивме Копа Америка пред некој месец, а ти во Англија покажа зошто си еден од најдобрите. Вистината дека сега запираш со фудбалот многу боли. Знам дека играњето фудбал те прави среќен, но, јас се надевам дека ќе останеш во овој спорт на некој друг начин“, напиша Меси на социјалните мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …