Агуеро официјално стави крај на професионалната фудбалска кариера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Агуеро денес на прес-конференцијата официјално објави дека ја завршува својата професионална фудбалска кариера.

Аргентинецот нагласи дека бил приморан да донесе ваква одлука поради здравствените проблеми.

„Сакам да ве известам дека одлучив да престанам да играм професионално фудбал. Ова се многу тешки моменти, но задоволен сум од одлуката која ја донесов. Моето здравје е на прво место поради проблемот кој го имав во претходниот месец“.

Ќе потсетиме Агуеро во натпреварот со Алавес беше заменет во финишот на полувремето поради болките во градите и тешкото дишење.