Home Спорт Теквондистот Георгиевски го победи актуелниот светски шампион Кастиљо за пласман во четвртфинале на Олимпијадата во Токио

Теквондистот Георгиевски го победи актуелниот светски шампион Кастиљо за пласман во четвртфинале на Олимпијадата во Токио

Најдобриот македонски таеквондист во неговиот фантастичен прв олимписки настап во Токио, со победа против актуелниот светски шампион Алба Кастиљо обезбеди пласман во следната рунда.

Георгиевски кој е еден од двајцата македонски олимпијци кои обезбедија норма, атакува на медал на Олимпијадата во категоријата над 80 килограми. На стартот направи крупен чекор кон остварување на целта.

Со резултат од 11-8 го победи Кубанецот, Алба Кастиљо кој е актуелен светски шампиион во овој спорт.

Героргиевски првата рунда ја доби убедливо со 5-1, втората со 5-2. Во последната решавачка влезе со предност од 10-3. Кубанецот се обиде да се врати, го намали резултатот, но Георгиевски успеа да го задржи големото водство и на крајот да слави со 11-8.

Во четвртфиналето Георгиевски ќе се бори со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…