Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска, вторник, 27. јули, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени. Маврово 32, Охрид 33, Битола 38, Крива Паланка 36, Берово 34, Кавадарци и Дојран 39.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…