Теквондистот Георгиевски го победи актуелниот светски шампион Кастиљо за пласман во четвртфинале на Олимпијадата во Токио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски таеквондист во неговиот фантастичен прв олимписки настап во Токио, со победа против актуелниот светски шампион Алба Кастиљо обезбеди пласман во следната рунда.

Георгиевски кој е еден од двајцата македонски олимпијци кои обезбедија норма, атакува на медал на Олимпијадата во категоријата над 80 килограми. На стартот направи крупен чекор кон остварување на целта.

Со резултат од 11-8 го победи Кубанецот, Алба Кастиљо кој е актуелен светски шампиион во овој спорт.

Героргиевски првата рунда ја доби убедливо со 5-1, втората со 5-2. Во последната решавачка влезе со предност од 10-3. Кубанецот се обиде да се врати, го намали резултатот, но Георгиевски успеа да го задржи големото водство и на крајот да слави со 11-8.

Во четвртфиналето Георгиевски ќе се бори со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.