Home Спорт Дали водачот на навивачката група „Шверцери“ ќе биде одговорен за македонските навивачи на Европското првенство?

Дали водачот на навивачката група „Шверцери“ ќе биде одговорен за македонските навивачи на Европското првенство?

Водачот на навивачката група на Шкупи „Шверцери“, Омер Буњаку бил одреден за одговорен за македонските навивачи на претстојното Европско првенство кое ќе се игра во Букурешт.

Ваквата информација донесе револт кај навивачите во државава кои се благо кажано изненадени од одговорноста да се даде на човек кој е водач на една од групите која неретко правела „антимакедонски“ потези и славела „Голема Албанија“.

Буњаку на јавноста и е познат и од инцидентот во кале каде што беше осуден на условна казна од седум месеци, а во 2014 година беше притворен за демолирање на кафуле во скопската чаршија. Тогаш се пишуваше дека бил револтиран затоа што во кафулето се пуштала песната „Распукала Шар Планина“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…