Home Спорт Прво му се смееја, а потоа стана хит: Конечно откриена тајната за легендарната физура на Роналдо!

Прво му се смееја, а потоа стана хит: Конечно откриена тајната за легендарната физура на Роналдо!

Легендарниот Бразилски напаѓач, Роналдо во 2002 година пред почетокот на Светското првенство се појави со несекојдневна фризура која најпрво ја исмејуваа, а потоа стана хит во целиот свет.

15 години подоцна, популарниот „Феномено“ сега реши да открие што всушност се криело зад неговиот потег да излезе со стајлинг кој ќе ја шокира јавноста.

„Пред стартот на Светското првенство, јас имав голем проблем со препоните. Препоните навистина ми претставуваа голема болка и на првенството пристигнав само 60% подготвен за игра. Затоа решив да ја избричам главата и да оставам само еден дел коса напред“.

„До тој момент сите зборуваа за тоа во каква состојба сум и колку е незгодна мојата повреда. Кога пристигнав на тренингот со лудата фризура, сите престанаа да зборуваат за повредата“, откри Роналдо.

Тоа на крајот се покажа како вистиски потег на Роналдо, кој стана најдобар стрелец на првенството, а фризурата стана апсолутен хит во светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…