79 години од херојската смрт на Коле Неделковски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Коле Неделковски, роден како Никола Крстев Неделков (16 декември 1912 – 2 септември 1941) – истакнат македонски поет и комунист меѓу двете светски војни.

Летото 1941 година, поточно во месец август, излегла од печат збирката песни „Пеш по светот“, а дванаесет дена подоцна бил откриен од страна на полицијата како разнесувач на летоци. Полицијата ја блокирала зградата во којашто тој живеел. Сиот материјал што можел да ги компромитира неговите другари, Неделковски го уништил давајќи им оружен отпор на преследувачите.

А кога веќе сè било јасно, поетот се фрлил од прозорецот на својата мансарда врз тротоарот на улицата. Коле Неделковски умрел на на 2 септември 1941 година.[10] Постојат сомневања за смртта на поетот, односо постојат сомнежи за тоа дали бил фрлен од полицајците или самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба. Сведоците на настанот потврдуваат само дека слушнале експлозија на бомба во зградата, а потоа виделе како Неделковски паѓа на плочникот. По Втората светска војна, на местото на настанот е поставена спомен плоча, која подоцна исчезнува.

Глас

О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба –
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.

Та ете веќ векови цели
писка и стенка од волци гости –
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.

Па нека сега сам да си реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д’издигне славно свој род без врева.

Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј – на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.

(Глас од Македонија-Коле Неделковски)