Се урива дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“ – уривањето се пренесува во живо (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претпладнево, пред Трговскиот центар „Мавровка“, со механизација и под полициски надзор, започна уривањето на дивоградбата која изминатиов период крена голема прашина во скопската и македонската јавност. Уривањето го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Владата на својата прва седница одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ја ангажира потребната механизација, средства за работа и вработени за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

Владата им препорача на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски и да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.