Временска прогноза за вториот септемвриски ден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вториот ден од месец септември во Македонија носи сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните делови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 35 Целзиусови степени. Маврово 25, Охрид и Берово 30, Битола 33, Кавадарци 35, Крива Паланка 32, Дојран 36.

Од утре ќе има повремено зголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален пороен дожд и грмежи се очекуваат во петок и во сабота.