Уште едно убиство на афроамериканец од страна на полициски сили ја разбранува американската јавност (снимка)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Полицајци во Лос Анџелес убиле црнец велосипедист, што е последното во низата полициски убиства на Афроамериканци, а канцеларијата на шерифот и адвокатот на семејството на жртвата дадоа противречни објаснувања на инцидентот.

29-годишниот велосипедист бил застрелан со повеќе од 20 куршуми во грбот откако двајца полицајци се обиделе да го сопрат за сообраќаен прекршок, кажа Бенџамин Крамп, адвокатот на семејството на Дижон Кизи.

Канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес тврди дека во Кизи биле испукани помалку од 20 куршуми.

Убиството повторно ги разгоре протестите во градот поради полициската бруталност над црнците низ земјата.

Дижон Кизи во понеделникот попладне се возел со велосипед во округот Вестмонт кога го сопреле двајца полицајци кои се возеле зад него.

Тој го фрлил велосипедот и почнал да бега, а полицајците почнале да го бркаат, кажа портпаролот на шерифот Брендон Дин.

Кизи потоа едниот од нив го удрил во лицето и фрлил куп облека кој го носел. Полицајците тврдат дека меѓу облеката имало пиштол па двајцата пукале во Кизи.

Дин кажа дека не знае каков прекршок направил Кизи и тврди дека во него биле испукани помалку од 20 куршуми.

Одби да одговара на прашања за деталите на пукањето ни каков е статусот на полицајците вклучени во инцидентот.

Крамп, адвокат специјализиран за човекови права и застапник на жртвите на полициското насилство, на Твитер напиша: „Велат дека бегал, ги фрлил облеката и пиштол. Не го држел во рака, а полицајците го застрелале повеќе од 20 пати и го оставиле да лежи на улица со часови“.