Зверев го победи Ѓоковиќ во олимпиското полуфинале: „Жал ми е, ти си еден од најголемите“ (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Aлександар Зверев го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата и го елиминираше Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Олимписките игри.

Петтиот тенисер во светот го исфрли првиот, иако Ѓоковиќ имаше сет и брејк предност. Од некаде на средината на вториот сет Зверев почна да игра маестрално, а Ѓоковиќ немаше одговор.

Во финалето Зверев ќе игра протива Карен Хачанов, додека Новак за бронзата ќе се сретне против Пабло Карено Буста.