„Зидојче Цајтунг“ тврди: Oсвен Путин, во пропаѓањето на проектот „Суперлига“ голем удел имал и шеикот Мансур бин Зајед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот медиум „Зидојче Цајтунг“ тврди дека рускиот претседател Владимир Путин му се јавил на сопственикот на Челси, Роман Абрамович и го притиснал да се тргне од Суперлигата бидејќи рускиот Газпром е главен спонзор на Лигата на шампионите и сопственик на Зенит кој сака да се пробие во европската елита. Но и Сент Петербург е еден од домаќините на Европското првенство, а и на финалето од Лигата на шампионите во 2022 година.

Тие две случувања, кои по СП 2018 треба да докажат дека Русија е постојан организатор на најголемите фудбалски натпреварувања би биле помалку важни доколку се оствареа заканите на УЕФА кон суперлигашите која беше подготвена да ги суспендира фудбалерите од своите национални тимови. Како и тоа дека со појава на Суперлигата, Лигата на шампионите би станала второкласно натпреварување а со тоа финалето во 2022 би било далеку од гламурот кој го имаат денешните финалиња.

Руските интереси се причината поради која Челси се реши да ја напушти Суперлигата, а вториот бегалец беше Манчестер Сити кој исто така беше еден од основачите на овој проект. И за одлуката на овој англиски клуб, германскиот медиум смета дека има голема политичка позадина.

„Зиддојче Цајтунг“ пишува дека американската банка „Џеј Пи Морган“ била само посредник, а вистинските финансиери на проектот се Саудиска Арабија и нивниот принц Мохамад бин Салман. Сопственик на Сити е Абу Даби Јунајтед Груп, односно шеикот од Обединетите Арапски Емириати, Мансур бин Зајед, кој не сакал да биде дел од проект на својот саудиски ривал.

Беше чудно зошто ПСЖ не е дел од основачите на Суперлигата. Во јавноста официјалната приказна беше дека тие се залагаат за општото добро на фудбалот, еднакви шанси за сите и слични такви приказни. Но, германскиот весник тврди поинаку. Тие сметаат дека сопственикот на Катар Спортс Инвесментс, а со тоа и сопственикот на ПСЖ, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тхани, не сакал ни да слушне да биде дел од натпреварување кое е финансирано од Саудиска Арабија, државата која го држи Катар во блокади.

„Зиддојче Цајтунг“ открива дека најзаслужен за влезот на Саудиска Арабија во проектот е Флорентино Перез. Претседателот на Реал Мадрид вооедно ја води и најглемата градежна компанија во Мадрид, АЦС. Таа од Саудиска Арабија добила проект од 6,5 милијарди евра за забавен центар во Кидија. Плус спонзорски договор за Реал да го промовира проектот и хонорар од 150 милиони евра.

Овие тврдења на германскиот весник уште еднаш покажуваат дека фудбалот е многу повеќе од само спорт, зад него често се кријат политички и бизнис интереси.