Жестоко критикуван и величан: Дали „Ла Ла Ленд“ е стварно толку добар колку што се крева џева?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актуелниот филмски хит и рекорден сопственик на дури 14 номинации за Оскар, „Ла ла ленд“, речиси едногласно ги освои симпатиите и на критиката и на публиката, но откако влезе во редовна кино дистрибуција ширум светот, почнаа да се слушаат и поинакви мислења.

Претставниците на разни маргинализирани заедници – Афро-американците, жените, љубителите на џезот, се чини дека сè повеќе го критикуваат овој филм. На крајот, избувна вистинска „војна“ особено на Твитер, меѓу групите кои го воспеваат од една, и оние кои го критикуваат, од друга страна.

LLL d 12 _2353.NEF

Иако е навистина необично едно толку невино и носталгично остварување како што е „Ла ла ленд“ – инспирирано од класичните мјузикли „Singing in the rain“ и „The umbrellas of Cherbourg“ – да предизвика таков гнев, сепак во ерата на социјалните мрежи, секое уметничко дело вообичаено се сецира до детаљ во потрага по проблематични елементи или политизација.

Првите поплаки на филмот стигнаа од љубителите на џезот. Главниот лик Себастијан (Рајан Гослинг) е млад, бел пијанист, љубител на џезот, кој сонува да отвори сопствен џез клуб. Тој е традиционалист и сака да го спаси џезот на начин што ќе го врати на неговите корени. Подоцна, за да ѝ покаже на девојката Миа (Ема Стоун) дека може да живее од музика, се продава и прифаќа да свири во „џез фјужн“ бенд на својот другар Кит (Џон Леџенд).

За љубителите на џезот ова е лажна претстава на сериозната дебата што се води во рамките на џез заедницата. Стив Чејмберс, новинар на сајтот „Vulture“ го обвини режисерот и сценарист на филмот, Демиен Шазел, за „идеолошки снобизам“:

„Денешните уметници сфатија дека одрекувањето од конзервативните идеи е најдобриот начин да ‘се спаси’ џезот. Но, Шазел мами: бендот на Кит на крајот користи смешен звук од 80-тите кој нема никаква врска со корените на џезот.“

Овој традиционалистички аргумент кој го користи Шазел е уште попроблематичен ако се земе предвид каков лик создал како негов заговорник:

„Ако веќе снимате филм за уметник кој е верен на џез-корените и покрај модерните реинвенции на жанрот, тогаш самата логика наметнува тој лик да биде црнец“, напиша Ајра Медисон Трети за „MTV News “.

Руби Рот Лавинг од  „Wired“ смета дека ониричниот квалитет на филмот не може да ја сокрие „бајатата“ расна политика. Таа смета дека „додека филмот наизглед се фокусира на џезот, ги турка на страна црните Американци кои го создадоа“.

И оние кои се занимаваат со родова политика упатуваат на проблематични моменти во филмот. Изведбата на Ема Стоун  добива позитивни оценки и актерката е една од главните фаворитки за златната статуетка за главна женска улога ( досега ги освои  Златниот глобус и наградата на Здружението на американските актери), но Морган Ли Дејвис од  „LA Review of Books“ вели дека нејзиниот лик Миа е само нешто повеќе од набљудувач во сопствената приказна.

„Мотивацијата и посветеноста на Себастијан се послоевити од оние на Миа и тој вусшност е автор на нивната врска; тој ја посетува на работното место и ѝ предлада да излезат, тој ја запознава со џезот, тој ја води да го гледаат филмот ‘Бунтовник без причина’, тој ја ‘турка’ да се јави на аудиција кога таа сака да се откаже од сè.“

Таа забележува дека филмографијата на Шазел е полна со сцени каде мажите ги учат жените (за џезот). Додека се во ноќен клуб со жива музика, Себастијан ја подучува Миа не само за џезот, туку и за животот, воопшто. Во вакуумот, ова не ја нарушува ефективноста на филмот,  но кога ќе го земете предвид фактот дека од 2003 оскар за најдобар филм не добил филм со женски протагонист, лесно е да се разбере зошто ова прашање привлекува толкав интерес.

Разбирливо е дека можеби сите овие забелешки би останале неизговорени доколку филмот не беше толку голем хит. Но, кога сте фаворит за речиси сите можни награди, тогаш тоа автоматски ви става мета на грбот, особено оваа година.

Во годината кога расните поделби во САД ја достигнуваат точката на вриење, Холивуд ни носи три прекрасни и вонредни филмови со црни ликови: „Moonlight“, „Hidden Figures“ и „Fences“.  „Зар не сметате дека Академијата треба да препознае некој од нив наместо филмот за белото момче кое сака да го спаси џезот ?“ – се прашуваат многумина.

Извор: Факултети.мк