ЗАРЕМ Е МОЖНО: На Барселона второ коло по ред не и е признат чист гол! (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона втор натпреват по ред одиграа реми во Примера, откако денес на „Камп Ноу“ одиграа 2:2 против Селта. И втор натпревар по ред не им е признат чист гол, овојпат поради наводен офсајд.

Откако претходното коло ремизираа со Валенсија, во меч во кој им беше поништен чист гол, фудбалерите на Барселона повторно имаа приговори кон судијата.

Гостите поведоа во 20-та минута преку противнапад кој во гол го претвори Аспас. Само две минути и беа потребни на Барселона да се врати во игра, Паулињо го проигра Меси, а Аргентинецот израмни на 1:1.

Барселона ја имаше иницијативата и константно создаваше шанси, а комплетен пресврт направи Суарез во 62-та минута. Седум минути подоцна, повторно Аспас поведе полуконтра, од десната страна и му сервираше одлична топка на Гомез кој го израмни резултатот.

Фудбалерите на Барселона повторно имаа приговори кон судијата, кој во првото полувреме при резултат 1:1 му поништи гол на Суарез поради офсајд, а ситуацијата беше во најмала рака сомнителна.