Home Наука и техонологија WhatsApp воведува опција која корисниците долго ја посакуваа

WhatsApp воведува опција која корисниците долго ја посакуваа

Пијана викенд вечер и она чувство на ужасно каење и срам следното утро, кога ќе ги отворите и прочитате пораките кои се ги праќале некому меѓу 3 и 4 часот наутро веројатно не им е непозната ситуација на многу корисници на социјалните мрежи кои нудат и ваква опција на комуникација.

Е сега, опцијата „undo“ за многу корисници на една таква апликација, познатата WhatsApp, се наметна како потребен факт, па екипата работи на тоа најпосле испраќачите да можат да ги бришат пораките кои примателот уште ги нема видено, за тие воопшто да не стигнат до очите на оној/онаа до кој/а биле испратени.

Иако Viber веќе ја има истата опција, многу луѓе за допишување ја користат токму WhatsApp како алатка, па воведувањето на оваа опција ќе израдува милиони такви корисници.

Independent пишува дека опцијата „избриши за сите“ ќе функционира на сличен начин како и онаа кај Viber, т.е. дека пораката ќе биде избришана и кај испраќачот и кај примачот. Но, како и кај Viber, сепак ќе остане трага во форма на известување („нотификација“) дека испраќачот ја избришал пораката која примачот не стигнал да ја види.

Опцијата е веќе тестирана на бета верзија на WhatsApp за Windows, а наскоро се очекува успешно тестирање и имплементација и на останатите системи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…