Вонредна состојба на цела територија на Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешната владина седница донесена е одлука на целата територија на државата да се прогласи вонредна состојба, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција.

Како што рече тој, одлуката е донесена на денешната владина седница, по што предлогот ќе биде проследен до Собранието. Како како што рече Спасовски, иако тоа е распуштено, претседателот на Државата има Уставна можност да прогласи вонредна состојба во траење до 30 дена.

„Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки. Ова ќе биде за првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава и оваа мерка е една од најтешките одлуки кои ги донела било која Влада. Ништо веќе не е исто, животот радикално се промени како кај нас така и во целиот свет. Потребно е секој до нас да се прилагоди и да има крајно одговорно однесување. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата, сите мораме да се однесуваме одговорно. Политиканството да се остави за други времиња. За животите на нашите граѓани се работи. Ја прифативме најсериозно заканата и подготвивме многу мерки и одлуки за кои добивме признанија. Ќе ја совладаме заканата и заедно ќе излеземе посилни“, рече Спасовски.

„Имаме сериозни капацитети во институциите, тука сме да служиме на граѓаните и да го заштитиме здрајето на граѓаните и нашата држава. Предлагаме воведување вонредна состојба веднаш и осстануваме во комуникација со нашите пријатели во регионот и Европа за справуваење со оваа хуманитарна криза. Ќе направиме се за да го вратиме безбедното секојдневие на граѓаните од нашата земја. Да бидеме одговорни, ефикасни и пократко време да излеземе победници“, додаде техничкиот премиер.