Пакет владини економски мерки за амортизација на можните последици од коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По досега извршените анализи и проценки на можните последици предизвикани од состојбата со корона вирусот, а со цел тие да се ублажат, економскиот владин тим донеседонесе сет од мерки за компаниите кои ќе се и ќе бидат најпогодени од кризата, пренесува Мета.

Мерките ги презентираа на заедничка прес конференција, Мила Царовска, министерката за за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска.

„Првата мерка се однесува на директна финансиска поддршка за ликвидноста на микро, мали и средни претпријатија. Обезбедени се вкупно 5,7 милиони евра со кои ќе се кредитираат директно компаниите погодени со неликвидност, односно компании чија економска активност трпи од ситуацијата со корона вирусот. Кредитите се дизајнирани со големо внимание, за да може да се одржат што поголем број на компании. Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра кредит“, рече Царовска. При тоа, микро-компаниите до 10 вработени ќе можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите фирми од 10 до 50 вработени ќе можат да подигнат кредит од од 10 до 15 илјади евра, а средните компании од 50 до 250 вработени ќе можат да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Кредитите ќе бидат бескаматни, односно со нула проценти камата и грејс-период од 6 месеци, а рокот на отплата е две години.

Царовска додаде дека втората мерка се однесува на платите: „За да се задржи секое работно место, субвенционираме придонеси по вработен од секторите туризам, транспорт, угостителство за месец април, мај и јуни во висина од 50 отсто од исплатена просечна плата во државата. Услов за тоа е компанијата да не го намали бројот на вработени под бројот на вработени кој бил во февруари 2020 година, да не исплатила дивиденда во 2020 година и да нема награди и бонуси“.

Владата препорачува реорганизација на работењето на фабриките во смени, ако треба и во четири, за да има помал број на вработени во една смена и најави продолжување на дијалогот со стопанските комори за оценка на ефектите од овие мерки.

Соиред гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежовска, макроеномската состојба е стабилна во услови на високо ниво на девизни резери и здрав банкарски систем.

Гувернерката кажа дека макроекономската состојба во државата е стабилна, во услови на ниска инфлација, високи девизни резерви и силен банкарски сектор.

„Имаме девизни резерви од 3 милијарди евра, двојно повеќе од нивото во 2008 година кога почна светската економска криза и тоа е добро за потенцијални шокови. Не постои апсолутно никаков ризик по стабилноста на девизниот курс“, рече Ангеловска-Бежовска. Според неа, најновите податоци укажуваат дека банкарскиот систем е здраво јадро на нашата економија, ликвидноста на банките е на високо ниво, околу 30 отсто. „Сите овие инфикатори упатуваат дека макрономската состојба е стабилна, но нѐ загрижуваат ризиците кон реалниот сектор. Централната банка презема некои мерки во рамки на законските надлежности, а целта е да се поттикне кредитен економски циклус насочена кон коопрпоративниот сектор“, констатира таа.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочи дека Министерството донесе неколку мерки за помош на компаниите кои први ја почувствуваа кризата, а тоа е  откажувањето од аконтативното плаќање на ДДВ во траење од три месеци со остварување на одредени услови од страна на бизнисите.

„Со тоа ја заштитуваме нивната ликвиднист. Втората мерка е законско намалување на затезната камата од 10 на 5 проценти за правно правно лице и од 8 на 4 за физичко лице. Значи за 50 отсто. Казнената камата се намалува на 0,15 отсто, провизијата за фискалните каси се намалува за 50 отсто, а на банките им препорачуваме да ја намалат провизијата за плаќање“, рече Ангеловска, додавајќи дека мерките се за краток рок и дека се очекуваат најголеми шокови во вториот квартал од годинава, а во третиот ќе биде опоравување.

„Ги поздравувам компаниите кои ги ставија на располагање своите капацитети на Министерството за здравство, во текот на справување со кризата. Ги повикувам компаниите кои имаат добивки, предвремено да ги платат своите давачки. Додека траат мерките, јас се откажувам од мојата плата“, рече Ангеловска.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека ќе се формира Фонд за туризам во висина од 74 милиони денари. Од нив, 44 милиони денари ќе обезбеди Министерството за економија, а 30 милиони денари Агенцијата за поддршка на туризмот. Од Фондот ќе се финансираат туристичките и угостителските бизниси за да ја надминат кризата предизвикана од корона вирусот.

„Побарано е ЗАМП во следните 6 месеци да не ги наплаќа побарувањата од угоститителите и од хотелите, бидејќи угостителите веќе не работат и нема потреба да го плаќаат тој износ. Ќе се предложи со забраната за извоз на брашно од Македонија и во текот на денот ќе се отвори и бесплатна линија за граѓаните да пријавуваат неправилности. Будно ги следиме сите случувања со увозот и извозот на стоки, а може да донесеме забрана и за други основни продукти. Сите инспекторати работат 24 часа“, рече Бектеши.