Актуелно

До денес во 12 часот во Македонија официјално 35 заразени од коронавирусот

Во статус преку социјалната мрежа Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче информираше за актуелната официјална состојба со заразени лица од коронавирусот во Македонија.

„Денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.

Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.

Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.

Повеќе информации на прес-конференција во 15:00 часот во Владата на Република Северна Македонија“, напиша Филипче.

Advertisements
To Top