Европската автомобилска индустрија пред целосен колапс – засегнати над 13 милиони вработени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската автомобилска индустрија, чиј работнички капацитет брои над 13 милиони вработени, е на колена и пред целосен крах поради тоа што повеќето фабрики се принудени да престанат со производството.

Трите најголеми европски производители на автомобили ги затвораат своите погони низ целиот континент, а ширењето на пандемијата на коронавирус се заканува дека дополнително ќе ја загрози индустријата која трета година по ред опаѓа.

Во текот на изминатата година, трите компании остварија вкупна продажба на околу 12 милиони возила.

Автомобилскиот сектор е срцето на европската производствена индустрија, која според Асоцијацијата на европски производители на автомобили, директно или индиректно обезбедува работни места за околу 14 милиони луѓе.

Италијанско-американскиот производител на автомобили Фиат Крајслер објави дека ќе го прекине производството во повеќето свои европски погони до 27 март, шест во Италија и по еден во Србија и Полска, како одговор на „прекинување на побарувачката на пазарот“ за нивното производи.

Групата ПСА, составена од „Пежо“, „Ситроен“ и „Опел“, која е во процес на спојување со „Фиат Крајслер“, го стори истото со соопштение дека до крајот на март ќе затвори 15 фабрики во седум држави вклучувајќи ги Франција, Шпанија, Германија и Велика Британија.

Француската компанија ја објасни својата одлука да го прекине производството со проширување на случаите на коронавируси во близина на производствените капацитети, испади во ланецот на снабдување и остар пад на побарувачката за автомобили.

Рено објави оглас дека ќе го прекине производството на сите 12 постројки во Франција, „за да се заштитат вработените пред заканата за пандемија на Ковид-19, во согласност со мерките наложени од француската влада“.

Одлуките на овие компании веднаш влијаеја на состојбата на берзата, при што паднаа акциите на Фиат Крајслер на берзата во Милано за 19%, акциите на ПСА Групацијата во берзата во Париз опаднаа за 15%, додека акциите на Рено изгубија 12% од претходната вредност .

Производството на луксузни марки на автомобили не е поштедено од општата криза што влијае на автомобилската индустрија. Масерати, сопственост на Фиат Крајслер, беше директно засегнат од одлуката на сопственикот да ги затвори своите погони, додека Ферари, поради тешкотии во набавката на делови за продолжување на производството, најави привремено затворање на два свои погони во Италија.

Исклучувањето на погоните за автомобили низ цела Европа го илустрира влијанието што го има коронавирусот врз автомобилската индустрија на глобално ниво, при што пандемијата веќе резултираше во бројни затворања на фабрики во Кина и зачудувачки пад на продажбата на возила на овој пазар, јавува Си-Ен-Ен.

Секако, најпогодена е Италија. Економистите веруваат дека преземените мерки за спречување на ширењето на пандемијата, веќе кревката италијанска економија, лесно може да ја втурне во уште подлабока рецесија, што доведува до зголемен притисок врз важните сектори како туризам и угостителство.

Бидејќи и Германија и Франција воведоа слични мерки за борба против пандемијата, пошироката рецесија на европско ниво се чини неизбежна.

Затворањето на фабриките, прекинатите ланци на снабдување и пад на довербата на клиентите како резултат на коронавирусот се околностите што ја водат автомобилската индустрија во подлабока рецесија.

Продажбата на возила на најголемите светски пазари падна за 4% во текот на 2019 година на 90,3 милиони возила, што е намалување од 95,2 милиони во 2017 година, според LMC Automotive.

Падот на продажбата на возила им отежнува на веќе тешката индустрија да генерира ресурси потребни за да се излезе во пресрет на предизвиците на технолошкото напредување на моторите со внатрешно согорување, неопходно за справување со кризата на климатските промени.

Продажбата на возила во Кина, како најголем пазар во светот, падна за 80% во текот на февруари, во однос на истиот период лани.

Одговарајќи на вестите дека Фолксваген е на работ да го затвори својот гигантски погон во Волфсбург поради недостиг на делови, компанијата соопшти дека континуираното производство е „засегнато“. „Ние внимателно ја следиме ситуацијата, особено одлуките на властите, како и синџирите за снабдување преку европските граници“, се вели во соопштението. Денес, меѓутоа, тие најавија дека наскоро ќе тргнат по стапките на ривалите и ќе започнат со затворање на фабриките. Ќе се затвораат во две фази.

Фиат Крајслер соопшти дека тие „работат на создавање на залихи на делови за да бидат подготвени да ги испорачаат претходно планираните количини на возила кога ќе се поврати побарувачката на пазарот“. Компанијата има значителни производствени капацитети во Америка, како и други погони во Латинска Америка и Кина.