Воено-авионски драми над Егејското море


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Снимка направена и објавено од страна на грчките вооружени сили на која е снимена блиска средба на „мираж“ и турски ловец Ф-16 на небото над Егејското Море која се случила пред три дена.

Воздушната борба на ловците била прекината неколку моменти откако грчкиот „мираж 2000“ го нанишанил турскиот Ф-16.

На инцидентот му претходеле низа агресивни маневри на двете летала, а грчкото воено воздухопловство тврди дека турски авиони, претходно, сериозно ги вознемириле патниците на грчкиот хеликоптер во кој се наоѓале министерот за одбрана Никос Панагиотопулос и началникот на генералштабот Константинос Флорос.

Турскиот Ф-16 прелетал преку островот Инусес на висина од околу 1.000 метри и така опасно му се приближил не хеликоптерот во кој се наоѓале грчкиот министер и началникот на генералштабот кои ги посетувале воените позиции во Инусес, Агатонисиј и Фармаконисиј, пренесува АНА.

Турката влада во понеделникот го осуди како провокативен чинот на Турција тоа што нејзин борбен авион се приближил до грчкиот хеликоптер.

Грчкото министерство за надворешни работи го опиша инцидентот како уште една неприфатлива турска провокација, која ја потврдува негативната улога на Турција во регионот, инсистирајќи на анахронистичка перцепција на меѓународните односи.