Виц: Телешка чорба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оди човек во кафеана наутро и порачува телешка чорба. Келнерот му носи чорба и прибор и си заминува. Врти човекот со лажицата низ чинијата со чорбата, превртува, ама од телешко месо ни трага.

Го вика келнерот и му вели: А бе, келнер, каква е оваа телешка чорба без месо?

Келнерот му вели: Да те прашам, брат, ти си бил во војска?

Сум бил.

И си јадел војнички грав?

Сум јадел.

Е па, имаше војник во гравот?