Еден меч суспензија и парична казна за Мурињо


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, поради недолично однесување, од страна на Фудбалската асоцијација е суспендиран на еден натпревар и парично е казнет со 50.000 фунти.

Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека Португалецот е казнет поради навредите кои ги упати кон судијата Марк Клатенбург за време на мечот Манчестер Јунајтед-Барнли.

Поради суспензијата Мурињо нема да може да го предводи тимот против Свонси во рамките на 11 коло во Премиерлигата.

Паричната казна на Мурињо му е изречена бидејќи го коментираше судењето по натпреварот против Ливерпул одигран на 17 октомври.