Славни

„Трејлер“ за „Harry & Meghan: Escaping The Palace“ – најавениот филм за Меган Маркл и принцот Хари

На интернет беше објавен првиот официјален трејлер за филмот Harry & Meghan: Escaping The Palace , во продукција на Lifetime.

Датумот на емитување сè уште не е објавен, но премиерата се очекува да биде на есен на Lifetime Channel. Филмот ги следи Хари и Меган кои се справуваат со стресот и вознемиреноста на кралскиот живот, а како што се гледа од трејлерот, дури ќе биде прикажано и интервјуто со Опра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifetime TV (@lifetimetv)

Принцот Хари го игра Џордан Дин, а Сиднеј Мортон ја игра Меган Маркл.

Ова не е првпат Lifetime да снима филм за животот на Меган и Хари. Во 2018 година тие ги објавија Harry & Meghan: A Royal Romance, филм во кој се зборува за нивната врска. Тој филм бил доволно популарен за да заработи продолжение од 2019 година, Harry & Meghan: Becoming Royal, за нивната прва година во брак.

To Top