Home Актуелно Трамп против Amazon – нова војна во зачеток?

Трамп против Amazon – нова војна во зачеток?

Уште пред да се кандидира во трката за претседател на САД, јасно и гласно беше дека Доналд Трамп не е обожавател на Amazon и неговиот прв човек Џеф Безос.

Поради тоа, за многумина не беше преголемо изненадување кога неименуван извор од Белата куќа објави дека г. Трамп е опседнат со Amazon.

Г. Трамп не остана на ова. Но, ако помисливте дека ќе следи демант, тогаш најверојано сте го преспале периодот по изборот. Претседателот продолжи со истиот тон:

„Ја искажав мојата загриженост со Amazon уште долго пред изборите. За разлика од другите, плаќаат малку или не плаќаат данок на државните и локалните власти, ја користат нашата пошта за транспорт (ова е огромна загуба за САД) и оставаат многу илјади трговци без работа“.

Секако изјавата на г. Трамп доаѓа од неговото oмилено средство за комуникација, Twitter.

По текстот на Axios и објавата на Twitter, акциите на најголемата светеска продавница паднаа 4.4%.

Личната нетрпеливост кон Џеф Безос и Amazon, го инспирира г. Трамп да не ја зборува вистината, дури и кога му е предочена. Најдобар пример за тоа е најверојатно изјавата дека поштата губи пари поради Amazon. Во реалноста ситуацијата е сосем обратна, американската пошта заработува значително од пратките кои ги купуваат корисниците онлајн.

„Зошто Американската пошта која губи милијарди долари годишно не зема пари од Amazon и други компании за да ги испорача нивните пакети, го прават Amazon побогат, а поштата станува поглупава и посиромашна“, продолжи Трамп на Twitter.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Џои Кинг со главни улоги во два нови научнофантастични филма

Џои Кинг ќе глуми со Лакит Стенфилд во „Safe Space“, а со Џејмс Мекавој и Џуно Темпл во „A…