
Ким Кардашијан сподели повеќе детали за здравствениот проблем со кој се соочува. На 46-годишната ријалити-ѕвезда и претприемачка зад брендот Скимс ѝ е дијагностициран езофагитис, а најавата за претстојната епизода на „Кардашијанс“ открива дека ќе биде потребен зафат за отстранување промени на хранопроводот.
Според клиниката „Мајо“, езофагитисот е воспаление на ткивото што ја обложува внатрешноста на хранопроводот, проследено со оток и иритација. Може да предизвика болно и отежнато голтање. Меѓу честите причини се враќање на желудочната киселина во хранопроводот, инфекции, лекови што се земаат преку уста и алергии.
Во последната епизода на „Кардашијанс“, Ким зборуваше и за смртта на својот татко, Роберт Кардашијан постариот, кој почина во 2003 година по борба со рак на хранопроводот.
„Бев кај неколку лекари и во последно време ова многу ме оптоварува“, сподели таа. „Не им кажав на многу луѓе, бидејќи ова е многу чувствителна тема за мене и навистина не сакам да навлегувам во неа. Со оглед на тоа што татко ми почина од рак на хранопроводот, се надевам дека ќе можам само да земам лекови и дека ова ќе помине.“
Сепак, во најавата за епизодата што ќе се емитува следната недела, Ким открива дека ѝ е потребен дополнителен третман.
„Лекарот вели дека на хранопроводот имам промени што мора да се отстранат. Истото го имаше и татко ми“, се слуша нејзиниот глас, додека се прикажуваат снимки од неа во болнички кревет.
Извор: Just Jared