Трамп и Меланија во карантин – позитивни на КОВИД-19


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на САД, претседателот Доналд Трамп соопшти дека тој и првата дама Меланија Трамп се позитивни на коронавирусот и сега се во карантин.

Претседателот, на возраст од 74 години, па затоа и во група со висок ризик, ја објави веста преку твит. „Ќе го поминеме ова заедно“, напиша тој.

Ова доаѓа откако една од неговите најблиски соработници беше позитивен на коронавирусот. Хоуп Хикс, 31-годишна советничка на претседателот, е најблискиот соработник на Трамп со позитивен тест досега.

Таа патуваше со него во Претседателскиот авион на ТВ-дебата во Охајо оваа недела.

Лекарот на Трамп, Шон Конли, објави соопштение во кое рече дека претседателот и првата дама „во овој момент обајцата се добро, и планираат да останат дома во Белата куќа за време на своето опоравување“.

„Бидете сигурни дека очекувам претседателот да продолжи да ги извршува своите должности без нарушувања додека се опоравува и ќе ве информирам за сите идни случувања“, се вели во соопштението.

Во четвртокот Трамп рече дека тој и неговата сопруга, која има 50 години, одат во карантин по позитивниот тест на г-ѓа Хикс.

Тој објави на Твитер: „Хоуп Хикс, која работеше толку напорно, дури и без да направи ни мала пауза, само што се покажа позитивна на ковид-19. Страшно! Првата дама и јас ги чекаме резултатите од тестот. Во меѓувреме, ќе го започнеме нашиот процес на карантин!“

Не се знае како позитивниот тест на Трамп ќе влијае на договорената втора претседателска дебата, која е закажана за 15 октомври во Мајами, Флорида