Светскиот шампион на колена: Франција елиминирана од Швајцарија – Мбапе трагичар на мечот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако на вчерашното фудбалско мени имавме два одлични, возбудливи и динамични дуели, сепак, Шпанците на крајот се извадоа, но затоа Швајцарија го приреди најголемото изненадување на ЕУРО и ја елиминираше Франција после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел беше 3:3.

Швајцарија имаше водство од 1:0 на полувремето и можност од пенал да ја зголеми предноста во 52-та минута, но Уго Лорис ја спаси Франција и го одбрани ударот на Рикардо Родригез.

По следните пет минути на сцена стапи Карим Бензема и со два гола направи комплетен пресврт. Погба со фантастичен гол во 75-та минута зголеми на 3:1 и се чинеше дека „триколорите“ сигурно ќе се пласираат во четвртфинале.

Швајцарија чудесно се врати во последните десет минути и со головите на Сеферовиќ и Гаврановиќ го однесе мечот во продолженија.

На крајот победникот го решаваја пеналите. Швајцарците беа прецизни од белата точка, додека кај Франција трагичар беше Мбапе.