Велосипедски финиш после извозени 6.800 километри за 21 ден – вака го направи тоа Игор Талевски од Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ултра-велосипедистот Игор Талевски (43) од Скопје, успешно ја заврши импресивната ултра-велосипедска трка низ САД, ТрансАм по „Транс Америка рута” (Trans Am Bike Race 2021) со растојание од 6.800 км (4300 милји) од западното до источното крајбрежје со генерален пласман на 6-то место од вкупно 42-ца учесници.

Трката е сурова по многу параметри, не само по должината. Станува збор за велосипедска трка „во еден здив“, поточно без етапи, при што часовникот почнува да го мери времето на возење од стартот, на брегот на Пацификот, во Асторија, Орегон, и не запира додека велосипедистот не стигне на финишот, во Јорктаун, Вирџинија, на брегот на Атлантикот. Притоа се следи концептот на самоодржливост за време на трката – велосипедистот сам си ја менаџира исхраната, спиењето и други неопходни работи.

Игор од Скопје остави свој личен печат со карактерот кој го покажа за време на возењето, собирајќи ги симпатиите на крајпатните поддржувачи на рутата. Притоа, за неговиот успех и импресивно достигнување во овој потфат да бидат уште поубави и посимпатични, тој финишираше на неговиот роденден.

Роденденскиот подарок за Игор од присутните на финишот кај познатиот споменик во Јорктаун.

Фото извор