Home Спорт Супериорните Бразилци после 12 години повторно прваци на Јужна Америка

Супериорните Бразилци после 12 години повторно прваци на Јужна Америка

Репрезентацијата на Бразил е освојувач на овогодинешноти издание на Копа Америка откако во финалето го победија Перу со 3:1.

Бразил во овој натпревар влезе како апсолутен фаворит и на крајот ја оправда фаворитската улога.

До предност „Кариоките“ стигнаа во 15-тата минута кога Евертон го отвори резултатот. Перу изедначи преку Гуереро од пенал во 44-тата минута. Сепак, веќе во следниот напад асистентот при првиот гол Хесус самиот се запишува во листата на стрелци за нова предност на Бразил.

Стрелецот и асистентот, Хесус во второто полувреме направи еден непромислен потег после кој заработи втор жолт картон.

Перу се надеваше во тие моменти, меѓутоа во финишот Бразилците добија еден пенал кој сигурно ќе предизвика реакции во јавноста. Сигурен реализатор на најсторгата казна беше Ричарлисон за конечни 3:1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…