
Клои Кардашијан вели дека за неа повеќе нема место за поранешниот сопруг Ламар Одом.
Во епизодата на „The Kardashians“ на Хулу, емитувана во четвртокот, на 12 ноември, 42-годишната Клои зборуваше за своето учество во документарецот на Нетфликс за 47-годишниот поранешен НБА-кошаркар, „Untold: The Death & Life of Lamar Odom“.
Во документарецот таа раскажува за нивниот брак и развод, како и за грижата што му ја пружила откако во 2015 година тој се предозирал со дрога и за малку ќе го загубел животот.
„Воопшто не сум воодушевена, затоа што го гледам документарецот и си велам: ‘Чекај, одвоив време од својот живот за да седнам тука и да ти направам услуга. Не сум платена. Го правам ова затоа што се обидувам да бидам добра кон тебе’“, рече Клои во новата епизода.

Во документарецот Ламар вели дека се оженил во семејството Кардашијан поради нивниот „начин на живот“. Неговиот пријател Ентони „Пампкин“ Букер тврди дека на денот на венчавката со Клои, Ламар му кажал оти го прави тоа затоа што семејството има „неверојатни врски“ и сака да си обезбеди „подобра иднина“.
Клои призна дека изјавите на Ламар ја изненадиле и дека ги смета за „навистина невкусни“.
„Значи, велиш дека всушност не си бил вљубен во мене. Си се оженил со мене само за да станеш попопуларен во поп-културата“, рече таа. „Сето тоа е толку чудно. Дури и ако тоа е твојата вистина, зошто не го кажеш без и јас да учествувам во тие интервјуа?“
Таа додаде дека коментарите на Ламар ѝ се „навистина, навистина бедни“.
„Не ми треба да ми се заблагодарува. Само нека не зборува за мене. Нека не ме оцрнува. Мостот е изгорен и веќе нема ни јаже што би можела да го фрлам на другата страна. Затоа, за мене тој е мртов“, порача Клои.

„Во ред е. Ова само ми потврдува какви лажговци, измамници, неверници, крадци и тролови се мажите. Едноставно не сакам да бидам дел од тоа. Играј си со себе, не со мене“, продолжи таа.
Ова не е првпат Клои јавно да реагира на изјавите на Ламар за неа во документарецот. Уште во јули призна дека се чувствувала „глупаво“ што воопшто прифатила да учествува во проектот.
Ламар потоа одговори, појаснувајќи дека не се оженил со Клои за да добие поголема популарност и влијание.
Извор: Just Jared