На интернет е објавен првиот целосен трејлер за „Аферата Томас Краун“, кој го претставува Мајкл Б. Џордан како „најопасниот човек во просторијата“.

Оскаровецот Џордан истовремено е режисер и главен актер во новата верзија на филмот од 1968 година, во кој главните улоги ги толкуваа Стив Меквин и Феј Данавеј. Алан Трастман, сценаристот на оригиналниот филм, е извршен продуцент на новото остварување. Ликот на Томас Краун го играше и Пирс Броснан во верзијата од 1999 година.

Кинопремиерата е закажана за 5 март 2027 година. Во актерската екипа се и Адрија Архона, Кенет Брана, Лили Гледстон, Данај Гурира и Пилу Асбек.

Архона ја презеде главната женска улога летово, откако Тејлор Расел се повлече од проектот поради креативни несогласувања.

Извор: Just Jared