Актуелно

Давос прескап и за Светскиот економски форум – основачот размислува за „преселба“

На шест месеци пред одржувањето на јубилејниот 50. Светски економски форум, неговиот основач Клаус Шваб сериозно размислува за промена на местото на одржување поради превисоките цени во швајцарскиот скијачки и монденски центар Давос.

Пред одржувањето на јубилејниот фору, Шваб најави можност за „преселба“ на истиот од Давос. Тој во изјава за Зидеост Швајц кажа дека кревањето на цените е огромен товар и пренесе дека размислува за преместување на собирот на друго место.

Шваб кажа дека сака да го продолжи партнерството со Давос, но тоа значи дека градот ќе мора да обезбеди најмалку 2.800 хотелски соби по прифатливи цени, како и доволно сместување за работниците.

„Ако тие услови не бидат исполнети, со тешко срце, ќе мора да бараме ново седиште“, пораша тој.

Хотелските соби и апартманите во Давос, за време на одржувањето на Светскиот економски форум, кој по традиција се одржува кон крајот на јануари, чинат по неколку илјади евра за ноќ.

Шваб вели дека учесниците се спремни да плаќаат соодветна цена за добра услуга, но дека во одделни случаи има неразумно кревање на цените.

Според него, учесниците многу чувствително реагираат кога имаат чувство дека некој ги злоупотребува.

Advertisements
To Top