Судир на титаните во полифунале на Ролан Гарос


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Суди на титаните ќе имаме во полуфиналето на Ролан Гарос, откако Новак Ѓоковиќ со 3-1 го победи Беретини и закажа меч со Рафаел Надал.

Тениските титани, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе се борат за финале на Ролан Гарос. Во последниот четвртфинален дуел Ѓоковиќ со 3-1 го совлада Беретини.

Српскиот тенисер почна одлично и ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2, но следниот во кој се играше тајбрејк му припадна на Италијанецот 7-6 (7-5).

Во четвртиот сет Ѓоковиќ славеше со 7-5, за победа од 3-1 во сетови.

Тој во полуфиналето ќе игра против Рафаел Надал, а друргата двојка ја сочинуваат Циципас и Зверев.