Четврток со променливо време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, четврток, 10 јуни, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засиер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 30 степени.

Во Скопје, променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 степени. Маврово 18, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.