Среќно момци: Репрезентативците испратени за Букурешт со сите нишани, па и традиционално потурање вода


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија денес се упати за Букурешт каде што ќе одигра два натпревари од ЕП, третиот ќе го играме во Холандија.

Репрезентацијата денес од хотелот беше испратена од претседателот Муамед Сејдини, а на аеродромот пред летот среќа им посака и премиерот Зоран Заев.

Репрезентативците заминаа од хотелот Хилтон каде што беа сместени, а вработените ги испратија како што е редот со сите нишани, тука беше и традиционалното фрлање вода за среќа.