Специјално издание: Полициски Audi RS4 моќен да „лета“ со 300 км/час


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И оваа година кај германските автомобилски производители го продолжуваат Tune It! трендот со кој презентираат спецификациски појачан и преправен спортски автомобили со боите на германската полиција.

Минатата година стануваше збор за BMW i8, додека оваа година полициската иконографија ќе ја носи Audi RS4. Овој автомобил сигурно нема да го сретнете на пат се до 8-ми декември, кога ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Есен.

И она што го прави овој Audi посебен е класичниот тјунинг на мајсотрите од ABT. За почеток, тие ги зголемија опциите на моторот за 80 КС и 90 Nm, до конечни 530 КС и 690 Nm.

Сега засилени со издувни цевки од карбон, оваа серија Ауди стигнува до 100 км на час за 4,1 секунда и вози до 280 км на час. Но , приспособениот автомобил до 100 км/час стигнува безбедно за помалку од 4 секунди и вози до максимални 300 км на час.

Foliatec и Hella се одговорни за полицискиот дизајн, со ревидирана шасија и тркала со дијаметар од 21 инчи.