Гоца Тржан ѝ приреди незаборавна вечер на многубројната публика во Сината сала на Сава центарот. Од првите редови ја бодреше и нејзината ќерка Лена, која, освен што ѝ беше поддршка за време на настапот, имаше и важна улога во подготовките за концертот.
Лена учествувала во создавањето на визуелните содржини што го придружуваа настапот, а Гоца не ја криеше гордоста поради нејзиниот ангажман.

Пејачката раскажа дека нивниот однос многу се променил со текот на годините и дека денес сè повеќе ги уважува мислењето и советите на својата ќерка.
Како што објасни, двете имаат прилично различни темпераменти. Гоца признава дека знае да реагира бурно, додека Лена е многу посмирена и често ѝ помага да ги согледа работите од поинаков агол.
„Често ми вели: ‘Мамо, немој да ме срамиш!’ Токму пред малку и Јелена Томашевиќ ми кажа дека и нејзината ќерка ѝ го вели истото. Дали ни недостига Ивана Петерс во групата? Па, знаете како, да. Но, се може и без оној што го нема!“, рече Гоца.
Мајката и ќерката порано почесто влегувале во расправии.
Извор: Story.rs