
Уште четири имиња се појавија во шпекулациите за тоа кој ќе го игра следниот Џејмс Бонд.
Откако Даниел Крег се збогува со улогата на легендарниот таен агент, голем број британски актери беа споменувани како можни наследници.
Засега нема потврден рок кога би можело да биде објавено кој ја добил улогата. Во меѓувреме, гласините за тоа кој останува во трката, а кој отпаѓа, постојано се менуваат.
Според најновите информации, меѓу потенцијалните кандидати има нови имиња што наводно веќе биле на пробно снимање, а меѓу нив има и некои изненадувања.
Извор: Just Jared