Сопствениците на новиот Tesla Model 3 целосно полудеа поради овој детал

Производството на новиот модел на Tesla само што зеде полн замав, а стигнаа и првите проблеми поврзани со Model 3.

Голем број сопственици на најевтината верзија на Tesla, буквално полудеа кога видоа дека скапата доплата не им донесува нешто посебно многу во однос на сумата која ја доплаќаат.

Имено, 5.000 долари вредниот премиум пакет кој многумина го доплатија не го оплеменува баш ентериерот на автомобилот, пренесува Autoblog.

Голем број сопственици на Model 3 одлучија своето непријатно исксуство да го споделат на социјалните мрежи, па дури и на официјалниот форум на Tesla. Во скапоцениот пакет не се споменува алкантарот, туку стои дека седиштата се со греење, а вградени се и дрвени додатоци и два USB приклучоци.

Во Tesla, дополнително, додаваат дека на Model 3 се користат истите материјали како и кај поскапите Model S и X.