Денес во Собрание ратификација на договорот за соработка со Бугарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, во Собранието, пред пратениците ќе се најде договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, кој треба да биде ратификуван во македонското Собрание со што веднаш ќе стапи на сила.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму го бојкотира Собранието со што нема да присуствува на денешната седница. Од таму се уште се на став дека договорот е штетен за националните интереси на Македонија.

Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија кој се подготвуваше неколку години, премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во Скопје на 1 август минатата година. Договорот беше ратификуван во Собранието на Бугарија во ноември минатата година, додека во сила ќе стапи откако ќе се ратификува и од страна на македонското Собрание.