Славниот Зизу пресече: Ја напушта тренерската клупа на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид. Францускиот фудбалски стручњак ова синоќа им го соопштил на раководството во клубот дека заминува од клупата и Реал ќе мора да бара ново решение за следната сезона.

За заминувањето на Зидан често се зборуваше во претходниот период. Тој сепак одбиваше да зборува за тоа, но на крајот шпекулациите се покажаа како точни.

Легендарниот Французин синоќа ја соопштил одлуката дека заминува од клубот и таа е конечна.

Ова за легендарниот Зизу е втор мандат на клупата на кралскиот клуб, а го започна во март 2019. година.

Сепак, за разлика од првиот (2016-2018) во кој освои три трофеи ЛШ, Ла Лига, два УЕФА и шпански Суперкуп, потоа ФИФА Светско клупско првенство, овој пат дојде до само еден трофеј.

Реал под негово водство минатата сезона ја освои титулата во Ла Лига, додека оваа сезона остана без трофеј.